Професионалци во Проектен менаџмент

Новости

Професионалци во Проектен менаџмент

Project Management Professionals
ГИМ ја цени важноста на кариерниот развој на нашите вработени и тоа е причината за организираниот тридневен курс за управување со проекти. Обуката беше спроведена во периодот од 8-10 април 2014, од страна на Семос Едукација, која ја спроведува обуката во согласност со критериумите и правилата на Институтот за проектен менаџмент на САД. Проектните лидери на ГИМ научија за принципите на управување со проекти, интеграција, како и важноста на избор на обем, временски период, цена, квалитет, човечки ресурси, управување со ризик, набавка и менаџирање со сите стеикхолдери, како и градење на комуникации. Обуката на Семос Едукација е дел од програмата ,,Среќни вработени, успешна организација".

Leave a Reply