Градежен институт Македонија ќе го надградува пристаништето во Бар, Црна Гора

Новости

Градежен институт Македонија ќе го надградува пристаништето во Бар, Црна Гора

Civil Engineering institute Macedonia will upgrade the dock in Bar, Montenegro
Градежен институт Македонија и АД „Лука Бар“ од Црна Гора потпишаа договор за изработка на главен проект за продолжување на обалата на патничкиот терминал на барското пристаниште за нови 400 метри. Пристаништето во Бар опфаќа околу 95% од севкупниот поморски сообраќај во Црна Гора, а со овој проект ќе се подобри неговата пристапност. Имено, со дополнителното продолжение од 400 метри, на веќепостоечките 430 метри, ќе се овозможи пристап на поголем број на патнички и товарни бродови. Исто така ќе се изврши подобрување на пристаништето во технолошка и инфраструктурна смисла.