Доделени наградите за 2016 година на Комората на овластени архитекти и инженери

Новости

Доделени наградите за 2016 година на Комората на овластени архитекти и инженери

nagradi-na-komora-na-arhitekti-i-inzeneri-2016
Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија ги додели годинешните награди на заслужени инженери за 2016 година. Наградата за градежништво која го носи името на проф. д-р Александар Цане Ангелов ја доби инженерот, доц. д-р Денис Поповски. Наградата за архитектура „Борис Чипан“ му се додели на архитект, проф. д-р Славко Брезоски. Годинешната награда за електротехника која го носи името на проф. д-р Станимир Јовановски ја доби инженерот Драган Стефанов, додека наградата за машинство за 2016 година му припадна на инженер Влатко Иванов од Градежен Институт Македонија.
 
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.