Јавна расправа по нацрт регионален план за управување со отпад и нацрт стратешка оценка на животна средина

Новости

Јавна расправа по нацрт регионален план за управување со отпад и нацрт стратешка оценка на животна средина за планот во Југоисточен Плански Регион

DSC_0802
На 03.03.2017 година во Струмица се одржа јавна расправа по нацрт регионален план за управување со отпад и нацрт стратешка оценка на животна средина за планот во Југоисточен Плански Регион, во кој учествува тим на експерти од Градежен Инститит Македонија, Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика-ИЕГЕ и Енвирон Ресурси.
На расправата беа презентирани главните наоди и заклучоци од процесот на подготовката на планот и СОЖС, како и предложените мерки и алтернативи од страна на тимот ангажиран за нивна изработка.
На расправата учествуваа преставници од Југоисточен Плански регион, од десет засегнати општини, експерти од областа на животната средина, како и невладини организации.
 
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.