Проектна документација за реконструкција со надградба и доградба на конгресен центар

ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СО НАДГРАДБА И ДОГРАДБА НА КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

univerzalna
Градежен Институт Македонија изработи проектна документација за Реконструкција со надградба и доградба на Конгресен центар Александар Македонски.
Проектната документација опфаќа реконструкција на големата сала, со што се постигнуваат максимални акустичните карактеристики на истата. Предвидено е ново ентериерно решение соодветно на намената на објектот.
Се предвидува демонтажа и отстранување на постоечката влезна партија и во прстенеста форма се доградуваат нови содржини: мултинаменска сала за 200 посетители, конгресна сала 120посетители, 4(четири) мали конгресни сали за 35 -40 посетители и 6(шест) сали за билатерални средби за 8-10 посетители, заеднички содржини како изложбен простор, кафетерија, продажен простор, административен простор за потребите на Конгресниот центар и соодветен простор за изведувачите, гардероби и гримиорни.
Околу постоечкиот објект предвидена е изградба на подземен паркинг простор во две нивоа во кој може да се паркираат 94 возила, од кои 8 осум за лица со специјални потреби, а надземно се паркираат дополнителни 6(шест) возила.

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.