Предавање на тема – Истражувањата како основа за личен, професионален и корпоративен развој

Новости

Предавање на тема „Истражувањата како основа за личен, професионален и корпоративен развој“

Центарот за истражување и развој на ГИМ, со поддршка од Секторот за правни работи и човечки ресурси, одржа прв од предвидената серија состаноци со вработените на компанијата, со цел поттик и унапредување на креативниот и претприемничкиот пристап и формирање на перманентна развојна структура.

 

На присутните во воведниот дел им се обратија Раководителот на Сектор правни работи и човечки ресурси, Татјана Ивановска и Директорот на ИЕГЕ, проф. д-р Ангелина Танева-Вешоска.

 

Директорот за развој на ГИМ, д-р Златко Илијовски, одржа предавање на тема „Истражувањата како основа за личен, професионален и корпоративен развој“, во кое ја истакна важноста на истражувањата како највисока форма на професионално унапредување и самоедукација, како и за позитивните ефекти од таквите креативни процеси на вкупниот деловен и технолошки развој на компанијата.

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.