Научна – спелеолошка акција

Новости

Научна – спелеолошка акција

Научната – спелеолошка акција организирана од Заводот Геотехника од Градежен Институт Македонија и Центарот за Изотопни Истраги во Климатологија и Животна Средина од Унгарската Академија на Науки, се одржа на 20.03.2019 со поддршка на Спелеолошкиот Клуб „Златоврв“ од Прилеп. 

 

Акцијата беше спроведена во рамките на интердисциплинарните истраги поврзани со влијанието на Месинската салинитетна криза во Македонија. 
Во рамките на овaa експедиција беше посетена пештерата Дона Дука (вкупна должина 650 m – четврта по должина во Македонија) и од нејзините најдлабоки делови беа земени проби за понатамошни анализи за одредување на старост на седиментите со космогени нуклиди кои ќе се вршат во Унгарија и Франција.

 

Во акцијата учествуваше тим од геолози од Завод Геотехника – Игор Талески, Марија Макешоска, Филип Јованоски и Ивица Андов, како и д-р Марјан Темовски од Центарот за Изотопни Истраги во Климатологија и Животна Средина од Унгарската Академија на Науки.

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.