Учество на реномираната триатлонска трка – IRONMEN

Новости

Учество на реномираната триатлонска трка - IRONMEN

Ни претставува особено задоволство да ја споделиме нашата гордост и да ги пренесеме постигнувањата на секој наш вработен. Успешен и среќен вработен значи успешна компанија. Вложувањето во себе, во здравото тело и здравиот дух е особено важно во продуктивноста и мотивираноста на секој човек.

 

Во контекст на истакнатото, овој пат ја издвојуваме нашата Ивана Герчакова со нејзините постигнувања изминатата година, која учествуваше и постигна одлични резултати во реномираната тиратлонска трка – IRONMEN. Имено таа успеа и исплива 3,8 километри, извози велосипед 180 километри и истрча цели 42,195 километри со одличен резултат од само 13 часа и 20 минути.

 

Ве охрабруваме сите континуирано да вложувате во себе и ви посакуваме успеси на секое поле, бидејќи ние сме семејство засекогаш!

 

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.