Почеток на проектот RIS-CuRE

Новости

Почеток на проектот RIS-CuRE

Реализацијата на проектот RIS-CuRE, финансиран од EIT-Регионалниот институт за иновации и технологија, кој е дел од престижниот европски фонд Хоризонт 2020, започна на почетокот на 2019 година (01/01/2019 - 31/12/2021 ) и опфаќа 14 партнерски организации од 8 држави.

 

Градежен Институт Македонија (ГИМ) е еден од партнерите во овој проект и заедно со УГД и ГеоЗС во текот на месец јуни извршија земање примероци со дупчење од јаловиштето на рудникот за бакарна руда “Бучим”, кои се подготвуваат за понатамошни анализи и други видови на испитувања. Целта на проектот е да се воспостави мрежа на засегнати страни во вредносниот синџир на Cu во регионот на Источна и Југоисточна Европа, со цел да се промовира иновативна услуга за екстракција на нулта отпад од метали (Cu, Ag, As, Au и REE) од бакар-Cu рударски отпад, што се создавале од претходни рударски активности. Ова ќе придонесе кон зголемување на конкурентноста во регионот и ќе служи како извор на метали за ЕУ.

 

Партнери во проектот RIS CuRE се:

- Zavod za gradbenistvo Slovenije, ZAG (Slovenian National Building and Civil Engineering Institute)

- Geological Survey of Slovenia, GeoZS

- Gomez Pardo Foundation

- IRGO Consulting

- Outotec (Finland) Oy

- Chamber of Commerce and Industry Vratsa (Patron ZAG)

- Chamber of Commerce Serbia (Patron ZAG)

- Civil Engineering Institute Macedonia (Patron ZAG)

- DPTU BUCHIM DOO (Patron GeoZS)

- ELEM Macedonian Power Plants (Patron ZAG)

- Goce Delcev University Štip (Patron GeoZS)

- Ekolive s.r.o.;

- University of Belgrade, Technical Faculty in Bor (Patron GeoZS)

- University of Petrosani (Patron ZAG)

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.