Активности во рамките на проектот RIS-RECOVER

Новости

Активности во рамките на проектот RIS-RECOVER

Рударските јаловишта и металуршките депонии може да претставуваат значителен ризик за животната средина поради нивната количина и состав, додека од друга страна претставуваат корисни извори на секундарни суровини, вклучувајќи ги и критичните суровини.

 

Активности во рамките на проектот RIS-RECOVER се засноваат на петкратниот т.н. хеликс приод за иновации поврзувајќи ги индустријата, истражувањето/образованието, владата, јавниот сектор и животната средина, со цел да се зголеми регионалната конкурентност врз основа на состојбата во регионот и најновите знаења на конзорциумот на RIS-RECOVER. Иновативниот пристап се базира на парадигмата за нула отпад, што значи дека откако ќе се екстрахираат корисните суровини како што се критичните суровински материјали (CRM) и метали, остатокот може да се рециклира за примена во градежниот сектор.

 

Главниот резултат ќе биде регионалната иновативна шема базирана на валидирани податоци и на податоци базирани на факти. Ваков валидиран пристап ќе биде пренесен во други делови од RIS регионот и во Европа.

 

За да го погледнете флаерот на проектот кликнете тука.

 

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.