Надзор над изградбата на првите 2 километри од автопатот Скопје – Блаце

Новости

Надзор над изградбата на првите 2 километри од автопатот Скопје – Блаце

Градежниот институт Македонија е избран од ЈП за државни патишта за да го врши надзорот над изградбата на првите 2 километри од автопатот Скопје – Блаце.

Градежните работи на терен би започнале кон крајот на 2019. Рокот за изградба е 18 месеци. На прес-конференција на оваа тема се присуствуваа вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Идниот автопат ќе биде изграден според европски стандарди, со две ленти за возење и една лента за принудно застанување во еден правец. Широчината на лентите за возење е по 3,5 метри, односно целосната широчина во еден правец изнесува 10,25 метри.

Автопатот Скопје – Блаце ќе биде долг 12,5 километри, со четири тунели и осум мостови на целата траса од граничниот премин „Блаце“ до клучката „Стенковец“ на скопската обиколница.

Двете фази од изградбата на целокупната траса ќе чинат околу 110 милиони евра. Автопатот ќе биде пуштен во употреба во 2023 година.

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.