Работилница дел од проектот RIS-RECOVER

Новости

Работилница дел од проектот RIS-RECOVER

На 18 септември 2019 година ќе се одржи работилницата за проектот RIS-RECOVER Иновативни пристапи за употреба на секундарни суровини во циркуларната економија –во правец кон нула отпад во секторот металургија, рударство и градежништво.

 

Главната цел на проектот RIS-RECOVER е да ги покрене индустријата, истражувањето / образованието, владата, јавноста и секторот за животната средина во обликувањето на новата парадигма за нула отпад од рударски и металуршки отпад, со цел да се зголеми конкурентноста и иновативниот потенцијал на знаење во регионалниот триаголник.

 

Работилницата е дел од проектот: Регионална иновативна шема за екстракција на критични суровини и метали од рудните јаловини без создавање на отпад финансирана од Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), тело на Европската унија, во рамките на „Хоризонт 2020“, Рамковната програма на ЕУ за истражување и иновации е во партнерство со ЗАГ (Словенски национален институт за градежништво ), Градежен Институт „Македонија„ АД Скопје, Геолошки завод Словенија (ГеоЗС), Универзитет Гоце Делчев Штип (УГД), Универзитет Montanuniversität Leoben (MUL), Институт за технолошки истражувања Vlaamse Instelling voor Technologisch Onderzoek NV (VITO).

 

Ве молиме Вашата потврда за присуство на работилницата да ја испратите најдоцна до 10 септември 2019 година на следниот е-маил vesna.milosevska@gim.com.mk 

 

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.