За нас

Порака од Претседателот

Ви благодариме за посетата на нашиот веб-сајт. Без разлика дали сте во потрага по квалитетните услуги кои ги нудиме, нашите одржливи практики, најнови вести и настани, можност за партнерство или пак практикантство и кариера во овој значаен Институт, Ви посакуваме добредојде и сме задоволни што ги разгледувате содржините на нашиот сајт.

 

Откако ГИМ е основан во 1975 година, нашата визија и фокус се насочени кон создавање на уникатен бренд во сите области на градежништвото, со цел да се стане регионален лидер во оваа област. Се стремиме кон градење на култура базирана на совршеност, иновации, интегритет и заедничка страст да се испорачаат најдобри услужни решенија и искуство за нашите акционери, партнери, клиенти, вработени и заедница.

 

Верувам дека успехот се мери со нивото на задоволство на нашите акционери, но и нашите вработени. Нашата силна 40 годишна историја и учинокот во градежништвото зборуваат сами за себе. Сепак, тоа не не запира постојано да работиме за да се одржи постојното ниво на задоволство. Тоа го постигнуваме преку надминување на барањата на нашите клиенти и партнери, заложбата за постигнување на одржливи услуги и обезбедување на пријатна, разновидна и поттикнувачка работна средина за нашите вработени.

 

Јас сум ентузијаст за иднината на градежната индустрија и иднината на нашиот Институт. Уште еднаш, чувствувајте се слободни внимателно да ги разгледате содржините на сајтот и да не контактирате за дополнителни информации или поддршка.

 

Се надеваме дека ќе одберете да бидете дел од нашето целокупно искуство.

Copy of GIM web