АГИ

Сектор АГИ (асфалти, геомеханика и изолации)

Секторот ги вклучува следните услуги:

  • - Врши испитувања на асфалти, битумени и изолациони материјали.
  • - Врши предходни геомеханички истражни работи и лабораториски испитувања за потребите на Инфраструктурни и Основни проекти.
  • - Врши предходни геотехнички лабораториски испитувања за одредување на носивоста на тлото за темелење на објекти.
  • - Контрола на квалитет и тековна контрола на вградени материјали кај инфраструктурни објекти
  • - Врши  теренски испитувања  на  темелење,  на  носечки  ѕидови и објекти од високоградба и хидроградба.
  • - Врши предходни геомеханички испитувања за одредување на физичко механичките карактеристики на материјалите и проценка на нивната употребливост при изградба на објекти од нискоградба.
  • - Спроведува класификациони испитувања на почви: природна влажност, природна запреминска маса, специфична маса, гранулација,
  • - Спроведува испитувања со кои се дефинираат физичко – механичките својства на почви: Агол на внатрешно триење, кохезија, модул на стисливост, едноаксијална јакост кај кохерентни почви и коефициент на филтрација,
  • - Хемиски анализи на почви, содржина на органски материи, и содржина на карбонати.
  • - Изготвува  претходен состав на асфалтни мешавини, како и испитување на физички - механички карактеристики на вградените асфалти во коловозната конструкција., врши контролни и тековни испитувања.
  • - Врши мониторинг за време на изведба на асфалтни коловози
  • - Учествува во изработка на пробни делници за изработка на тампонски и асфалтни слоеви од коловозни конструкции
  • - Врши комплетни испитувања на својства на  битумени, битуменски хидрозолации и системи.
  • - Обезбедува подготовка на извештаи и стандардизирани лабораториски документи од извршени испитувања на квалитетот.
  • - Подготвува Проекти за димензионирање на коловозни конструкции
  • - Подготвува студии, елаборати и извештаи од испитувања на материјали.
  • - Подготвува извештаи за извршени анализи од лабораториски податоци.
  • - Обезбедува подготовка на периодични извештаи од повторени испитувања.
  • - Гарантира целосна примена на стандардите за квалитет и на акредитираните постапки за лабораториски и теренски испитувања.
  • - Советува во врска со стандардите за квалитет на материјалите и за можностите за подобрување на квалитетот.