Архитектура

Сектор Архитектура

Секторот Архитектура со својот стручен тим од 15 архитекти и урбанисти специјализирани за изработка на проекти од многу сфери на изградбата на објекти и планирањето на просторот. Дејностите во кои работи секторот се движат од архитектонско проектирање, урбанистичко планирање, ентериери и партерно уредување, до енергетска ефикасност, заштита од пожари, заштита при работа и проектен менаџмент. Референтната листа на секторот вклучува широк спектар на проектирани и изведени објекти во и надвор од Република Македонија. Современиот изглед, функционалноста, одржливоста и енергетската ефикасност се клучни карактеристики на сите архитектонски објекти кои ги продуцира Секторот Архитектура. Овој сектор активно учествува на национални конкурси за изработка на идејни решенија на кои освоил и награди.

 

Овој сектор е специјализиран за следниве услуги:

 

Урбанистичко планирање

 

1.Изработува урбанистичко – планска документација:

  • - Детални Урбанистички планови,
  • - Државни Урбанистички плански документации,
  • - Локални урбанистички плански документации,
  • - Урбанистички планови за село
  • - Урбанистички планови вон населено место
  • - Урбанистички плански документации

2. Урбанистичко - проектна документација:

  • - Архитектонско урбанистички проекти
  • - Програми за поставување на времени објекти
  • - Проекти за инфраструктура за сите видови инфраструктурни објекти

3. Врши услуга за апликацирање на електронскиот систем за одобрување на урбанистичко планска и урбанистичко проектна документација и пратење на постапката за одобрување на документацијата.

 

4. Изработува студии и анализи за просторни можности и изводливост на проекти.

 

Проектирање на објекти од високоградба

 

5. Изработува идејни архитектонски решенија и идејни архитектонски проекти.

 

6. Изработува проекти за подготвителни работи за сите видови на објекти од областа на Високоградба.

 

7. Изработува проектна документација – основни проекти, основни проекти за реконструкција, надградба, доградба, санација и адаптација на сите видови објекти од областа на Високоградба:

  • - Станбени објекти,
  • - Деловни објекти,
  • - Административни објекти,
  • - Објекти со трговски содржини,
  • - Објекти со угостителски содржини, ресторани, кафетерии, локали за брза храна,
  • - Објекти од областа на примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита,
  • - Индустриски објекти,
  • - Стопански објекти
  • - Објекти од областа на културата: театар, кино, музеј, концертна дворана...
  • - Објекти од област на образование: основни училишта, средни училишта, факултетски и универзитетски комплекси
  • - Објекти за времено домување: студентски домови, интернати, хотелски комплекси, мотели...
  • - Придружни објекти на патна инфраструктура: наплатни станици, бензински пумпи, преточувалишта, автобуски стојалишта...
  • - Објекти од област на социјална заштита: детски градинки, старски домови ...

8. Врши услуга за аплицирање на електронскиот систем за добивање на одобренија за градење “е – одобрение за градење” и пратење на постапката за одобрување на документацијата.

 

9. Секторот архитектура учествува при проектирањето на сите помошни објекти во хидротехничките, електротехничките објекти и инфраструктурни објекти, како резервоари, брани, пречистителни станици, хидро и термоцентрали, рудници...

 

Ревизија на објекти од високоградба

 

10. Врши ревизија на техничка документација основни проекти, проекти за реконструкција, адаптација, доградба, надградба и санација од област на архитектура, за сите видови на објекти од област на високоградба:

  • - Станбени објекти,
  • - Деловни објекти,
  • - Административни објекти,
  • - Објекти со трговски содржини,
  • - Објекти со угостителски содржини, ресторани, кафетерии, локали за брза храна,
  • - Објекти од областа на примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита,
  • - Индустриски објекти,
  • - Стопански објекти
  • - Објекти од областа на културата: театар, кино, концертна дворана...
  • - Објекти од област на образование
  • - Објекти за времено домување: студентски домови, интернати, хотелски комплекси, мотели...
  • - Придружни објекти на патна инфраструктура: наплатни станици, бензински пумпи, преточувалишта, автобуски стојалишта...
  • - Објекти од област на социјална заштита: детски градинки, старски домови ...

11. Врши ревизија на техничка документација: основни проекти, проекти за реконструкција, адаптација, доградба, надградба и санација од област на архитектура за сите помошни објекти во хидротехничките, електротехничките објекти и инфраструктурни објекти, како резервоари, брани, пречистителни станици, хидро и термоцентрали, рудници...

 

Други дејности

 

12. Учествува во изработката на технолошки решенија за индустриски објекти.

 

13. Изработува проекти за партерно уредување.

 

14. Изработува проекти за ентериерно уредување за сите видови на објекти од област на високоградба.

 

15. Изработува проекти за пејсажно уредување и заштита на пејсажот.

 

16. Во состав на Секторот за архитектура се изработуваат Елаборатите за заштита од пожари за сите видови објекти од област на високоградба и инфраструктурните проекти.

 

17. Во Сектор архитектура се изработуваат и Елаборатите за заштита при работа за сите видови објекти од област на високоградба и за сите инфраструктурните проекти.

 

18. Секторот архитектура врши координација и усогласување меѓу фазите од проектот и раководи со изработката на основните проекти за новоградба од област на високоградба.

 

19. Секторот архитектура врши координација и усогласување меѓу фазите од проектот и раководи со изработката на основните проекти за реконструкција, надградба, доградба, адаптација и санација за објекти од област на високоградба.

 

20. Изработува проектна документација за реконструкција и санација на објекти со цел постигнување на енергетска ефикасност.

 

21. Изработува технички решенија, технички спецификации и предмер-пресметки

 

22. 3D-моделирање и визуелизација на објекти