
Сектор Нискоградба
Секторот нискоградба располага со стручен и искусен кадар, овластен за проектирање и ревизија на проекти од I и II категорија од областа на нискоградбата. Опремен со нови технологии, користи современи методи при изготвување на проектната документација во согласност со стандардите и законската регулатива.
Секторот нискоградба извршува работи од областа на мерење, анализа, проектирање и ревизија на објекти од нискоградба:
- - Изработка на 3D модели на катастарско-топографски планови со положбена и висинска представа на теренот.
- - Геодетски мерења при испитување пробно товарење на мостови, следење на вертикалност на антенски столбови, пресметка на земјени маси.
- - Изработка на Основни проекти за геодетски работи ( изведба на оперативен полигонски влак, проекти за микро мрежи, проекти за обележување на објекти и тн ).
- - Изработува проекти на ниво на Идеен и Основен проект за: патишта и градски сообраќајници од прва и втора категорија, железнички пруги, пешачки патеки, велосипедски патеки, одлагалишта, партерно уредување, тунели и сл.
- - Изработува проекти за рехабилитација и реконструкција на објекти од прва и втора категорија од областа на нискоградбата.
- - Изработува Сообраќајни студии, Идеен и Основен проект за сообраќајна сигнализација и опрема.
- - Врши испитување, анализа и планирање на градски сообраќајни мрежи.
- - Изработува 3D модели, симулации и анимации на објекти од нискоградбата.
- - Врши мултикритериумска анализа, физибилити студија, cost-benefit анализа, одредување на капацитет и пропустна моќ на објекти од нискоградба и тн.
- - Врши ревизија на проекти од нискоградба и сообраќај, со цел да се изврши контрола и подобрување на проектните решенија во согласност со стандардите и законската регулатива.
- - Врши консултантски услуги во областа на проектирањето на објекти од нискоградбата.
- - Врши координација и усогласување меѓу фазите од проектот и раководи со изработката на Основните проекти за изградба на објекти од областа на нискоградбата.
- - Изработува технички решенија, технички спецификации и предмер-пресметки.