Конструкција

Сектор Конструкции

Сектор Конструкции обезбедува услуги во областа на испитување на конструкции, изработка на проекти за реконструкција и санација, изработка на проекти за објекти од високоградба, нискоградба, инжинерски објекти, врши комплетна ревизија на техничката документација,дава консултантски услуги за секаков вид на објекти и проблеми.

  • - Врши статичко-сеизмички анализи на основните конструкциски компонентиi на објектите од високоградба, нискоградба или на друг вид на конструкции,
  • - Врши анализа и контрола на напрегањата на притисокот, затегањето кои може да се јават во една конструкција од најразлични надворешни влијанија и оптоварувања,
  • - Ги контролира јакостните карактеристики на вградените или проектираните материјали од кои се изработени конструктивните елементи на дадена конструкција (бетон,челик,дрво,арматура,цигли исл.) како и изработка на технички решенија за евентуална санација или замена на истите,
  • - Врши испитување на конструкции кај кои постои ризик од нарушување на нивната стабилност или евентуално рушење и советува во врска со мерките што треба да се превземат за да се подобри интегритетот на испитуваната конструкцијата,
  • - Изготвува софтверски модели за статичко-сеизмички анализи на најразлични видови конструкции,врши комплетна анализа и димензионирање на конструктивните елементи, изработува комплетни графички прилози (кофражни планови, планови на оплата, арматурни детали и детали), спецификации на арматурата, предмер пресметка итн,
  • - Врши испитувања со пробно товарење на: мостови, вијадукти, крански патеки, спортски трибини, индустриски објекти, кровни конструкции и др.,како и изработка на елеборати од извршените пробни товарења,
  • - Ги испитува условите на теренот и ги анализира резултатите од извршените лабораториски испитувања и тестови.
  • - Изработува проекти за санации, зајакнување и реконструкција на сите видови објекти во делот на конструкции,
  • - Изработува стручни мислења, вештачења, ревизии и експертизи на проектна документација за состојба на конструкции оштетени од неквалитетна изведба, експлоатација, земјотреси, пожари и други видови хаварии,
  • - Испитува, мери и класифицира појава на евентуални пукнатини во конструкцијата, ги дефинира причините за нивно настанување и дава препораки и технички решенија за нивно санирање,
  • - Испитува и проектира најразлични челични конструкции,
  • - Обезбедува консултантски услуги за поправка на конструкции направени од различни градежни материјали,
  • - Изработува калкулации, стручни мислења, студии, вештачења, проекти и експертизи од областа на градежната физика,
  • - Применува компјутерска технологија при проектирање за потреби на симулациите,
  • - Врши реконструкција, адаптација и санација на стопански, станбени и други објекти од високоградба и нискоградба,
  • - Врши санација на хидротехнички објекти: брани, насипи, канали, базени, хидротехнички тунели, резервоари за вода и  други материјали,
  • - Изработува елаборати за одстранување (уривање) на објекти од високоградба и објекти од нискоградба,
  • - Обезбедува елаборати за антикорозивна заштита на челичните конструкции,
  • - Обезбедува елаборати за противпожарна заштита на конструкциите,
  • - Изведува завршни работи во градежништвото: фасадерски, терацерски, изолатерски и други видови работи,
  • - Изработува подови за индустриски и за спортски објекти од епоксиди, гума, полиуретани, полиестер, бетон и други материјали,
  • - Врши комплетна санација на објекти оштетени од земјотреси, пожари, експлозии, слегнувања или од дејство на хемиски агресивна средина,
  • - Изработува основни проекти за заштита на градежни јами,
  • - Изработува технички решенија за длабоко темелење на инженерски објекти (мостови,вијадукти,подпатници и надпатници),
  • - Врши ревизија на сложени инженерски објекти согласно важечките стандарди и техничка регулатива.