Профил на компанијата

ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА

 

GIM

Градежен Институт Македонија е основан во 1975 година и нуди различни видови на истражувања во градежништвото, градежни материјали и услуги. Пред повеќе од 40 години нашата индустрија почна да еволуира, нашите клиенти, бизнис парнерите и сите предизвици воопшто станаа посложени, заедницата започна да повикува на корпоративна општествена одговорност, однесувањето на потрошувачите се промени – а со тоа се променивме и ние.


Пред повеќе од 40 години ГИМ беше основан од страна на акционерите со верување дека Институтот ќе создаде уникатен бренд кој ќе понуди услуги на пазарот, во сите области на градежништвото или “се на едно место“, почнувајќи од почнувајќи од планирање, истражување, проектирање, ревизија на проекти, надзор над изградба, лабораториска контрола на квалитет, па се до изведба на специјалистички работи и консалтинг. Како порано, така и денес веруваме дека со ангажирање на искуството ќе се даде придонес кон придвижување на нашите клиенти и бизнис партнери напред.

 

Во самата основа, ние сме мислители и творци. Имаме силна историја на развој на острумни стратегии генерирани врз постојаното менување на однесувањето на потрошувачите и пазарот, тековните потреби и трендови. Ги претвораме овиe стратегии во иновативни, практични и одржливи придонеси и искуства од кои во крајна линија, можат да извлечат корист сите наши стеикхолдери. Нашата силна историја, традицијата и придонесот кон совршеноста во градежништвото зборува сама за себе.