Корпоративна одговорност

Корпоративна одговорност

Преземање на одржливо градежништво

 

Веруваме дека нашиот проактивен пристап и етичко однесување можат да придонесат за економски раст и подобрување на квалитетот на животот на нашите вработени, нивните семејства и заедницата во целост. ГИМ, исто така има пошироко влијание врз животната средина.

Нашата стратегија за корпоративна општествена одговорност ни дава јасна насока за успешно вметнување на животната средина, социјалната и економската одржливост во нашите активности и проекти кои се во согласност со насоките од иницијативата на Глобалниот договор на ОН.

Ние успешно се заложуваме за одржливи градежни практики, со фокусирање на акционерските односи, здравјето и безбедноста при работа, како и за одржливо градежништво и еко-компатибилни градби и структурни решенија.

 

Клиенти и Партнери:

  • Соработување со клиенти и партнери со цел развивање и одржување добри работни и долготрајни релации 
  • Искористување на долготрајно воспоставени услуги кои нудат висок квалитет за повторен бизнис.

Заедницата:

  • Промовирање на корисна и пристапна работна сила која развива добри односи со заедницата и промовира позитивен имиџ.
  • Искористување на нашата експертиза и ресурси за развивање решенија за подобро живеење за заедницата и да им помогне на новите генерации во развојот на нивната кариера.
  • Континуирано учество во хуманитарни акции, така што можеме позитивно да допреме до луѓето во нашата заедница. Како пример, направивме донација за собирање на лековити растенија, кои се потребни за лекување на децата со тешки болести, понатаму помогнавме во организирањето на Меѓународната конференција по повод одбележувањето 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје и ко-финансираве комплетирање на магистерски студии на вработени.

Вработени:

  • Запознавање и разбирање на нашите вработени како луѓе - нашиот највреден ресурс.
  • Задржување на нашите талентирани вработени, преку создавање на проактивна организациската култура, овозможувајќи им на вработените развивање на нивниот потенцијал, инвестирање во внатрешна и надворешна обука, како и промовирање на кариерни патеки.

Здравје и безбедност:

  • Обезбедување на високо квалитетни објекти за подобрување на работните услови.
  • Промовирање на практики за безбедно работење преку консултации со работна сила.

Животна средина:

  • Развој и имплементација на системи и модели кои водат кон поефикасно користење на природните ресурси, вклучувајќи енергија и вода.
  • Инвестирање во нови начини за намалување на влијанието на нашите инженерски активности врз животната средина, вклучувајќи го и одржливото градежништво и еко-компатибилни градби и структурни решенија.
  • Промовирање на свесност за потребата од елиминирање на отпад и потребата за рециклирање на материјали, така што тие можат да се користат во идните проекти.

 

Кодекс на однесување и управување

Политика за квалитет