Електротехника и машинство

Сектор Електротехника и машинство

Секторот Електротехника и Машинство преку својот тим од електро и машински инженери обезбедува инженерско-консултантски услуги за објекти од високоградба, енергетска и патна инфраструктура, хидроенергетски и објекти за водоснабдување и третман на вода.

  • - Изработува проектна документација и врши ревизија на проекти во согласност со стандардите и законската регулатива применувајќи ги најдобрите практики во областа на електротехничките и машинско-термотехнички инсталации.
  • - Подготвува програми, тендерски и инвестиционо-технички документи за објекти од доменот на електротехника и машинство.
  • - Врши анализа и нострификација на техничка документација на електротехнички и машински проекти.
  • - Обезбедува инженерско-консултантски услуги во мултидисциплинарните проекти со другите фази при изработка на идејни, основни и изведбени проекти за различни видови објекти.
  • - Обезбедува инженерско-консултантски услуги при проектантски надзор на објектите од доменот на електротехнички и машинско-термотехнички инсталации.