Експертиза

Нашата експертиза

Градежен институт Македонија веќе цели 40 години доставува одржливи и градежни услуги со високи перформанси. Нашата  мулти-дисциплинирана мрежа на професионални вработени има искуство и знаење да проектира, гради и следи голем број на проекти во градежништвото во јавниот и приватниот сектор, на национално и на меѓународно ниво.

ГИМ има значајно знаење и искуство во исполнувањето на различните бизнис потреби на своите клиенти и партнери во различни области, вклучувајќи станбени, комерцијални, училишта, болници, вода, транспорт, нафта и гас, рударство, ракување со материјали.