Геомеханика и фундирање

Сектор за геомеханика и фундирање

Услугите на Секторот за геомеханика и фундирање вклучуваат:

  • - Гарантира изведба на геотехнички истражни работи, проектирање, надзор, ревизија и консалтинг од областа на геотехниката.
  • - Врши комплетни геомеханички истражувања и испитувања и изготвува Елаборати како подлога за изработка на проекти за фундирање на секаков вид на објекти од ниско и високоградбата.
  • - Врши изработка на техно-економски решенија, проекти и експертизи за специјални фундирања.
  • - Изведува комплексни геотехнички истражувања и изработува проекти за санација на свлечишта.
  • - Изработува проекти за заштита на длабоки градежни јами од обрушување, како и проекти за одводнување – снижување на нивото на подземни води.
  • - Врши анализа на стабилност на косини за различни потреби: работни и завршни косини во површински копови, проектирање на косини во зона на високи усеци кај сообраќајници, определување на оптимални наклони на насипи и одлагалишта, димензионирање на косини кај насипани брани и др.
  • - Врши геомеханички истражни работи, изработува проекти и превзема изведбени работи за подобрување на носивоста на тлото при фундирање на различни објекти.
  • - Врши ревизии на елаборати и проекти од областа на геомеханика, фундирање и геотехника.
  • - Врши надзор и контрола на квалитетот при изведба на геотехнички истражни работи, како и надзор од геотехнички аспект при изведба на објекти од високо­градбата, мостови, тунели, брани, сообраќајници, итн.
  • - Мониторинг на свлечишта и слични проблеми од областа на геотехниката преку мерење на вградени инклинометарски конструкции.