Геологија

Сектор Геологија

Сектор Геологија ги вклучува следните услуги: 

  • - Гарантира изведба на основни и детални геолошки истражни работи, како и проек­тирање, надзор, ревизија и консалтинг од областа на геологијата, хидрогеологијата и инженерската геологија.
  • - Врши комплетни геолошки, хидрогеолошки и инженерско-геолошки истражувања и испитувања и изготвува Елаборати како подлоги за проектирање на секаков вид на објекти.
  • - Изработува геолошки, хидрогеолошки и инженерско-геолошки карти, елаборати, студии и проекти.
  • - Врши изведба на комплексни геолошки истражни работи за наоѓалишта и позај­мишта на природни градежни материјали.
  • - Изведува хидрогеолошки истражни работи за експлоатација на подземни води.
  • - Изработува хидрогеолошки карти, елаборати, студии и експертизи за истражувања и експлоатација на термални и минерални води.
  • - Врши проектирање на бунари и/или бунарски системи за водоснабдување на населени места и индустриски капацитети, како и консалтинг за изведба на системи за греење и ладење.
  • - Врши ревизија на техничка документација, елаборати и проекти од областа на геологијата, хидрогеологијата и инженерската геологија.
  • - Врши геофизички истражувања и испитувања: сеизмичка рефракција и рефлексија, вертикално електрично сондирање, мулти електродна електрична томографија, итн.
  • - Врши хидрогеолошки истражни работи за дефинирање на степенот на загаденост, како и на дистрибуцијата на загадувањето на подземните води.
  • - Врши хидрогеолошки истражни работи за дефинирање на заштитни зони на извори и водоснабдителни системи.
  • - Изработува фундаментални инженерско-геолошки и хидрогеолошки карти на национално ниво.