Геотехника

ГЕОТЕХНИКА

Почва, камен и вода го сочинуваат јадрото врз кое е изградена нашата инфраструктура. Стручното познавање на овие материјали во текот на почетните фази на планирање на проектот и понатаму во текот на дизајнот и изградбата, значи сигурно постигнување на успех без разлика дали се работи за зграда, пат, тунел или објекти на вода.

 

Во ГИМ, Заводот Геотехника обезбедува широк спектар на специјализирани геотехнички-инженеринг услуги, во рамки на двата главни сектори - Геомеханика и фундирање и Геологија. Секој сектор учествува во распределба на одговорностите со цел извршување на различните функции и процеси кои треба да се постигнат.

 

Нашите вработени се насочени кон  постигнување на извонредни резултати во областа на геотехниката преку комбинирање на ефективни решенија со техничка перфекција.

За какви било прашања во врска со нашата геотехника експертиза и услуги, ве молиме контактирајте не на +389 2 30 63 040 или на е-мејл gimgeo@gim.com.mk