Лабораторија

Акредитирана Лабораторија

Заводот Лабораторија е  еден од четирите Заводи во рамките на Градежниот институт и со него раководи Г-дин Ѓорги Гошев.

Основна дејност на Заводот е контрола на квалитет на градежните  материјали, како и контрола на изведените градежни работи.

 

 Организациона структура на Заводот

 

      Организациски Заводот лабираторија е поделен на три сектора:

  • Сектор за Арматура, Бетон, Конструкции (АБК)
  • Сектор за Асфалт, Геомеханика, Изолации (АГИ)
  • Сектор за Агрегат, Камен и Керамика (АКК)

 

captur%d1%84%d0%b3%d0%bd%d0%b4%d1%82%d1%85%d1%98e

 

Техничка опременост

Лабораторијата е комплетно опремена и располага со повеке од 160 апарати  и голем број на помошни средства за вршење на испитувања согласно Европските стандарди, МКС стандардите, ASTM стандардите.

 

Во трите сектора работат 51 вработен од кои:

 

      15 Дипломирани инженери,

  • 1 Магистар на технички науки од област на геотехника,
  • 2 Магистри од област на градежништво
  • 1 Магистер на технички науки од областа на хемиско инженерство
  • 8 Дипломирани градежни инженери,
  • 1 Дипломиран инженер архитект,
  • 2 Дипломиран технолог инжинер,
  • 1 Дипломиран инженер за екологија
  • 28 Градежни техничари лаборанти,
  • 6 Мајстори и работници и
  • 2 Технички персонал

 

Видови лабораториски и теренски испитувања

 

Сектор АБК                   Сектор АГИ             Сектор АКК

Табела 1                          Табела2                     Табела 3

 

Акредитирана лабораторија

 

Лабораторијата е прва акредитирана лабораторија во Македонија според ИСО 17025 уште од 2009 година. Акредитирани се 93 методи од сите обласи во градежништвото. Во 2013 година е извршена реакредитација и истата важи до 2017 година.

Сертификат за акредитација

 

  • Во Сектор АБК има акредитирано 46 методи, Табела 1
  • Во Сектор АГИ има акредитирано 26 методи Табела 2
  • Во Сектор АКК има акредитирано 21 методи Табела 3