
Порака од нашиот HR менаџер
Порака од нашиот HR менаџер

Нашите 260 талентирани и посветени професионалци ни овозможуваат понуда на врвни услуги за нашите клиенти и партнери, како и преземање на одржливи градежни практики, со фокус кон односите со сите заинтересирани страни, како и исполнување на одговорностите кон животната средина и заедницата.
Подолу се неколку водечки принципи за управување со човечките ресурси кои го поддржуваат развојот на вработените и ја носат одговорноста за унапредување на Институтот.
Образование и развој
Сите вработени се охрабрени да инвестираат во својот професионален развој, со цел да им се помогне да ги исполнат поставените цели во кариерата, со истовремено максимизирање на ефикасноста на тековните активности и проекти. Ние исто така нудиме широк спектар на ресурси за учење и развој, вклучувајќи индивидуализиранаи буки и специјализирани програми, во соработка со голем број на партнери, како и опции за менторство со цел поттикнување на функционална и техничка совршеност, охрабрување на тимската работа, промовирање на вредностите на ГИМ и зајакнување на нашата способност за постигнување на резултати.
Управување со талент
Една од нашите главни долгорочни цели е да продолжиме со ефективно спроведување на процесите за управување со талент, бидејќи тие значат интегрирана идентификација, селекција, развивање и задржување на врвниот талент во нашиот Институт. Со цел да придонесеме кон овој процес, подготвуваме и спроведуваме специјализирани програми за управување со талент, во соработка со Центрот за истражување и развој, каде што креативноста е охрабрена и таа треба да произнесе нови, иновативни решенија.
Здравје и Безбедност
Работиме во високо квалитетни објекти со цел да се подобрат работните услови, и притоа постојано промовираме безбедни услови за работа преку консултации со работна сила и професионалци во оваа област.