
Политика за квалитет
Појавата на моќни сили на светскиот пазар и негово се потешко освојување, претставува предизвик за бизнисот. Република Македонија е земја со економија во развој каде ние егзистираме, со тоа предизвикот за нас е уште поголем.
Знаејќи дека клиентите очекуваат поголем избор на добавувачи со висок и постојан квалитет, се определивме за воспоставување на ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ кој ги задоволува барањата на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007
- - Основната определба на политиката за квалитет е задоволување на клиентите со обезбедување услуги со висок квалитет, квалитет кој постојано ќе се подобрува.
- - Квалитетот ќе се планира, гарантира и подобрува, а при тоа ќе се почитуваат роковите за извршување на барањата и единствениот настап кон секој од клиентите.
- - Обезбедување на високо мотивирани, професионални и стручни човечки ресурси за постигнување на стратешки развојни цели преку перманентно подобрување на условите за работа, организирање на обуки за континуирано надградување на професионалните и стручните способности на вработените, еднакви можности за професионален и личен развој и развивање на програми за поттикнување на креативноста и иновативноста кај талентираните вработени.
- - Воспоставувањето на системски деловни процеси што значи навремено воочување на грешките и отстранување на причините за нивна појава.
- - Правилен избор на добавувачи и партнери што подразбира обезбедување на квалитетна опрема за извршување на работите.
- - Така ќе сме сигурни дека клиентите постојано ќе ги бараат нашите услуги, а ќе создадеме и нови услуги, кои ќе придонесат за одржување на брендот и континуирано зголемување на репутацијата и конкурентноста на компанијата.
- - Ќе постигнеме задоволство на вработените со обезбедување разновидно, поттикнувачко и безбедно опкружување, а на општеството со исполнување на законските барања и залагање за здрава животна и работна средина.
- - Препознавање и спречување на појави со евентуални негативни последици на животната средина, човековото здравје и безбедноста на луѓето, штедење на природните ресурси и енергија со минимизирање на употребата на штетни материи и настанување на штетен отпад
- - Креираме корпоративна одговорност кон општеството, окружувањето, безбедноста, здравјето и почитување на етичките норми кон вработените.
Обезбедувањето на квалитетот и перманентно ангажирање за зголемување на свеста за квалитет на сите нивоа претставува приоритет и постојана задача на раководството и на секој вработен.
- Резултати од спроведена анкета за мерење на задоволството на клиентите - PDF FILE
- Анкета - Лабораторија и Сертификационо тело - PDF FILE
- Исправа за заштита на трговска марка - PDF FILE