Центар за развој и истражување

Центар за развој и истражување

Намена и задачи на Центарот

Центарот за развој и истражувања на ГИМ е формиран со основна намена да ги иницира, поттикне и координира планирањето, организацијата, имплементацијата и евалуацијата на развојните и истражувачките активности во компанијата.

Центарот претставува функционална врска на ГИМ и ИЕГЕ, во областа на истражувачките, иновативните и едукативните проекти.

 

Мисија на Центарот

Користење на знаењето и искуството како двигател на личниот, професионалниот развој како и развојот на компанијата.

 

Организациона шема на Центарот

centar

 

Функции на Центарот за развој и истражување

  • - планско – аналитички активности насочени кон стратегиско и оперативно планирање на деловниот и технолошкиот развој на компанијата,
  • - координација и учество во активностите на деловниот и технолошкиот развој,
  • - развој на кадровска инфраструктура со тенденција за перманентно вклучување во активностите на развој.

 

Услуги на Центарот за развој и истражување

Центарот обезбедува посебен вид услуги, во следните подрачја:

  • - стратешко консултантство во области на развојни, истражувачки и иновативни проекти,
  • - развој и реализација на истражувачки и иновативни проекти, финансирани од национални и меѓународни фондови, во соработка со надворешни академски и научно –истражувачки институции, како и со други центри за развој во индустриски компании,
  • - комерцијализација на истражувањата и иновациите кои се реализираат во компанијата, самостојно и во соработка со надворешни институции.

 

Надлежности на Центарот за развој и истражување:

  • - Врши активности на планирање, истражување и анализа на податоци и информации за креирање на долгорочни политики за развој на дејностите на компанијата
  • - Одговорен е за подобрување на постоечките и развивање на нови услуги во насока на зголемување на профитот на компанијата и обезбедување на поголема конкурентност на пазарот
  • - Иницира и дава предлози за истражување во соработка со заводите и секторите во ГИМ со цел да се дизајнираат програми за квалитетно планирање и реализирање на стратешките цели на компанијата
  • - Го координира настапот на национални и меѓународни проекти
  • - Го координира тимот од ГИМ за реализација на научно - истражувачки проекти, во соработка со ИЕГЕ и други научни институции
  • - Врши анализа на можностите за искористување на странските фондови за реализација на развојни, истражувачки и иновативни проекти
  • - Дава поддршка за промовирање на развој на нови услуги и подобрување на квалитетот и конкурентноста на постоечките услуги