Сервис и поддршка

Сектор Сервис и поддршка

Услугите на Секторот Сервис и поддршка вклучуваат:

 

  • Гарантира квалитетно одржување и поправки на опрема , машини и делови (тековно целосно сервисирање и ремонти на лесни возила и мотори на дупчалките интервенции на агрегати и компресори)
  • Металностругарски работи ( изработка на редуцири, навои, осовини, обработка на барабани за кочници и др.)
  • Браварски работи ( заварување на ауспуси, изработка и поправка на заварени конструкции, острење на алат-круни, сечење и заварување на цевки со мали и големи пречници и др.)
  • Автоелектричарски работи (поправка на алансери, алтернатори и струјна инсталација на лесните и тешките возила)
  • Електричарски работи (изведба и поврзување на струјни инсталации во објекти и на терен, поврзување и одржување на пумпи, агрегати и други електрични уреди, поправка на помали агрегати и уреди во работилница и од лабораториите и др.)
  • Врши товарање и транспорт на потребната опрема за работа на терен на Геотехника
  • Обезбедува тековно сервисирање и ремонти на лесните возила на ГИМ
  • Гарантира спроведување на ефикасен систем за управување со лесни возила во состав на возниот парк на друштвото со цел да обезбеди функционалност, контрола и безбедност за сите корисници на службени возила
  • Се грижи и гарантира целосна примена на одредбите од Правилникот за користење на службени возила