Институт за истражување во животна средина, енергетика и градежништво – ИЕГЕ

Институт за истражување во животна средина, енергетика и градежништво - ИЕГЕ

Истражувањето и развојот играат клучна улога во процесот на иновации. Во суштина тоа претставува инвестиција во знаење, технологија и создавање на можности, кои се трансформираат во нови производи, процеси и услуги и се развиваат нови конкурентски предности.

 

Заедно со истражувањето и развојот, инвестицијата во високо образование е од клучно значење за унапредување на социо-економскиот статус на било која земја, компанија и/или Институт, поради тоа што произведува голем број на високо квалификувани, стручни, иновативни, етични поединци кои се потребни за да се изгради и предводи индустријата на иднината.

 

Имајќи го ова на ум, и поддржани од страна на нашите моќни 40 години успешна работа, бевме инспирирани за воспоставување на Институт за истражување и развој во Македонија. Овој Институт се фокусира на животната средина, градежништво и енергетика, како и други поврзани сектори од областа на природните и општествените науки.

 

Нашата основна стратегија се базира на целосна ориентација кон одржлив развој и економија базирана на знаење, со што би можеле да ги охрабриме идните генерации да продолжат со откривање, моделирање, извршување, следење и подобрување на активностите на истражување и развој

 

Темелите на Институтот се поставени на три основни постулати:

  • - Истражување и развој– базирано на основни истражувања со високо академско влијание и применети истражувања со високо општествено влијание.
  • - Образование – вклучува три видови на високо образование како што се докторски студии, среднорочни и кратки курсеви.
  • - Консултантски услуги – нашата цел е да се оствари соработка со приватниот и јавниот сектор и да се понудат нашите професионални совети поврзани со одредени сектори и струки.

 

Доколку имате некое барање или пак би сакале да добиете повеќе информации за опсегот на програми и услуги од страна на новоформираниот истражувачки и развоен Институт, Ве молиме контактирајте не на: