Надзор

Сектор Надзор

Една од секторските единици во Заводот инженеринг е Секторот Надзор кој обезбедува професионален градежен надзор, организиран така да  обезбеди успешното завршување на вашиот проект. Нашиот искусен персонал, составен од 35 експерти од разни област,  може ефикасно да го контролира и надгледува секој аспект од градежните работи од областа високоградба, нискоградба, хидроградба, електротехника и машинство, како и да му дава поддршка на Инвеститорот во администрирањето на договорот со Изведувачот.

 

Нашиот Надзор во текот на градењето постојано се грижи Вашиот проект да биде завршен навреме, во рамки на предвидениот буџет и во согласност со важечките Закони, Правилници, Стандарди за квалитет и Правилата на струката.

 

Нашата услуга Надзор вклучува:

  • - Стручен преглед на целокупната проектна документација, давање на препораки за промени во Проектната документација и Техничките спецификации кои што би можеле да се покажат потребни или пожелни во текот на работата или би довеле до смалување на трошоците на градбата
  • - Пратење на напредокот на изведувањето на работите и предлагање на мерки за избегнување на сите идни доцнења како и можни мерки за надомест на изгубеното време во реализацијата на Проектот,
  • - Проверка и утврдување на квалитетот и квантитетот на изведените работи, контрола на месечни и времени ситуации, и финансиско пратење на реализацијата на Проектот
  • - Прегледување и одобрување на сите дополнителни цртежи, детали и решенија, изготвени од страна на Изведувачот, а кои се неопходни за изведување на работите
  • - Целосна имплементација на проектираните еколошки мерки за заштита, вклучувајќи и предлози за неопходни дополнителни активности за подобрување на заштитата на животната средина,
  • - Контрола на квалитетот на сите материјали и производи, предвидени за изведба на работите, како и контрола на квалитетот на изведбата
  • - Проверка и давање препораки за адекватноста и автентичноста на сите налози, потврди, ситуации, осигурувања, гаранции, обештетувања, сопственост на машини и тн. за кои е задолжен Изведувачот
  • - Вршење на анлиза и давање препораки за цените и износите на сите непредвидени позиции на работа што можат да се јават во текот на градбата,
  • - Издавање упатства и налози на Изведувачот за грижа и обезбедување на имотот на Инвеститорот
  • - Организирање и подготовка на сите потребни извештаи и документација за Техничкиот преглед на градилиштето, и соработка при издавањето на Потврдата за примо-предавање,
  • - Помагање и активно учествува во процесот на експропријација на земјиштето, како и други аранжмани за предавањето на локацијата на идното градилиште на Изведувачот
  • - Давање предлози за решавање на евентуалните спорови или различни мислења мегу Инвеститорот и Изведувачот во врска со изведувањето на Работите
  • - Контрола, евиденција и доставување на потребна документација и согласности до Инвеститорот за ослободување од такси, даноци и давачки (ДДВ, царини, акцизи и др.) дефинирани со Закон