Маркетинг

Маркетинг

Завод Маркетинг развива и имплементира маркетинг стратегии и активности за услугите на компанијата врз основа на условите кои ги има на домашниот и меѓународниот пазар, како и врз основа на пазарни истражувања и информации од продажбата на услуги со цел:

  • да обезбедува и одржува постојана присутност на компанијата на домашните и извозните пазари,
  • да ја брани и јакне нејзината пазарна позиција,
  • да обезбедува подготовка на целосна и точна тендерска документација самостојно и во соработка со надлежните заводи, следејќи пазарни конкурентски цени и применувајќи калкулации за да изготви детална проценка на трошоците со цел да ги минимизира вкупните трошоци,
  • да ја максимизира профитабилноста на секоја понуда,
  • да обезбеди успешност во добивањето на работата и да придонесе со зголемена продажба на услуги,
  • да врши планирање, организирање, управување и контролирање на реализацијата на проектите, односно целосно администрирање на проектите од сите аспекти согласно ИСО и други стандарди,
  • одговорен е за управување со големи и значајни проекти и обезбедува работа за управување со проекти со надворешни клиенти.