
Техничка подготовка
Секторот техничка подготовка ги има следниве активности:
- Подготовка на целосна и точна тендерска документација самостојно и во соработка со надлежните сектори, следејќи пазарни конкурентски цени и применувајќи калкулации за да изготви детална проценка на трошоците со цел да ги минимизира вкупните трошоци, да ја максимизира профитабилноста на секоја понуда, да обезбеди успешност во добивањето на работата и да придонесе со зголемена продажба на услугите.
- Секојдневно следење на отворени јавни покани и повици за тендери во земјата и во странство и договара со менаџментот избор на тендери за настап, како и соодветни маркетинг продажни стратегии и тактики.
- Подготвува тендерска документација за избрани тендери во соработка и координација со надлежните сектори во ГИМ.
- Подготвува трошоци, цени, попусти и други бенефиции за потребите на секој тендер во согласност со политиките на компанијата со цел да обезбеди атрактивни и прифатливи понуди.
- Врши оценка на комерцијалните и техничките ризици на секоја понуда за ГИМ.
- Врши евалуација по поединечни комерцијални ставки во понудите со помош на калкулации за да ги утврди реалните трошоци и профитабилноста.
- Зема учество во организирани тендерски настани (пр:електронска аукција, јавно отворање на понуди; оценка на технички капацитет, оценка на финансии, состаноци за појаснувања; итн.) и други постапки при јавни набавки во согласност со пропишани правила од страна на надлежни институции, органи и важечката законска регулатива.
- Учествува во преговори во врска со определени понуди и одржува контакти со потенцијалните корисници на услугите пред и по доставување на тендерските документи, како и во текот на спроведувањето на тендерската постапка.
- Обезбедува квалитетна координација со другите сектори во ГИМ според потребите на поединечни тендери, вклучувајќи и организација на интерни работни состаноци во фаза на подготовка на тендерска документација со цел да обезбеди квалитет на тендерското досие и успешна продажба.
- Соработува со Центарот за развој и истражување.