
Проектен менаџмент
Секторот Проектен менаџмент ги има следните надлежности:
- Планирање, организирање, управување и контролирање на реализацијата на проектите со кои е задолжен од Директорот на Завод маркетинг;
- Целосно администрирање на проектите од сите аспекти согласно ИСО и други стандарди;
- Учество во обезбедување на работа за управување со проекти кон надворешни клиенти (изработка на пресметки за давање на понуди, следење на проектите од финансиски аспект, оперативно и запазување на рокови);
- Одговорен за управување со големи и значајни проекти;
- Врши анализи на пазарот за обезбедување на услуги за управување со проекти;
- Учество во организирање и контролирање при изработка на понуди, планови и останата документација;
- Изработува калкулации, трошковници и пресметки при реализација на проекти;
- Организира и контролира изработка на методологии при подготовка на понуди;
- Следење на ризици и контрола на проток на финансии кај Инвеститори и банки;
- Учествува во преговори и изработка на договорна документација;
- Изработува оперативни планови со детални рокови, потребни технички, кадровски, финансиски и материјални ресурси;
- Изработува бизнис план и буџет на Секторот и учествува во изработка на бизнис планот на Заводот;
- Формира тимови за реализација на проектите и одредување на тим лидер за конкретните проекти;
- Учествува во обезбедување на надворешни соработници, подизведувачи и добавувачи кои е потребно да се вклучат во реализација на проектите;
- Ги следи проектите со кои е задолжен од сите аспекти (финансиски, организациски, оперативно, рокови);
- Учествува во креирање и реализирање научно истражувачки проекти во соработка со Центарот за истражување и развој;
- Соработува со сите Заводи, Сектори и Оддели во компанијата при реализација на проектите;
- Соработува со Сектор техничка подготовка и Сектор за странство;
- Врши анализа на тековни и завршени проекти;
- Уредно водење на софтверите и матриците за водење на проектите и ангажираност на човечки ресурси.