Странство

Странство

Секторот Странство ги има следните обврски:

  • Oстварување на постојано присуство на ГИМ на пазарите во регионот надвор од Република Македонија, имплементирајќи маркетинг и продажни стратегии и активности прилагодени на условите на тие пазари, а во согласност со деловната стратегија и стратешките цели на компанијата, со цел да ги унапредува пазарната позиција и продажните резултати на извозните пазари.
  • Подготвува и спроведува маркетинг планови во согласност со стратегијата за брендовите и законската регулатива на извозните пазари, вклучувајЌи и термин план и буџет за сите активности во врска со брендовите.
  • Планира, иницира и развива промотивни активности и креативни рекламни концепти за брендовите што се извезуваат со цел да обезбеди оптимизација на нивните пазарни потенцијали во согласност со компаниските цели и со законската регулатива на извозните пазари.
  • Подготвува предлози за создавање на промотивни материјали за определени видови на услуги во рамки на маркетинг буџетот.
  • Обезбедува информации и координира истражувања на извозните пазари, го надгледува процесот на маркетинг анализа и учествува во толкувањето на пазарните податоци.
  • Развива буџет и управува со буџетските средства за извозните пазари, врШејЌи контрола и корекции во случај на одредени отстапувања.
  • Eфикасна имплементација и реализација на маркетинг продажни планови, програми и концепти.
  • Обезбедува секојдневно следење и анализа на продажните резултати и трендови и идентификува нови можности за зголемување на обемот на продажбата во согласност со продажните и ценовните политики на ГИМ.
  • Обезбедува редовни посети на целни купувачи врз основа на претходно подготвени планови во согласност со стратегијата за конкретниот пазар.
  • Договара разговори и води преговори за склучување на договори со редовни или специјални услови за постојни и потенцијални клиенти, договара посебни услови и начини за плаќање во согласност со политиките на ГИМ.
  • Ја следи конкуренцијата, ги анализира нивните активности и предлага преземање на соодветни антиконкурентски активности со цел да ја брани и јакне пазарната позиција на ГИМ.
  • Обезбедува постојан раст на приходите од продажбата на извозните пазари преку проширување на мрежата на купувачи во сите пазарни сегменти.