За Нас
Градежниот Институт “Македонија“ А.Д.Скопје (ГИМ) успешно
опстојува повеќе од 35 години, откако е формиран во 1975 година. Идејата за
негово формирање потекнува во времето на најголемата експанзија на градежните
компании во Македонија кои заземаа голем удел на пазарот во поранешна
Југославија,како и на странските пазари. Потребата за следење на големите
компании во делот на истражување, контрола на квалитет и примена на нови
технологии и материјали беше водилка во создавањето на нашата компанија.
Со брзиот развој во овој дел и појавата на интересот и
потребите на Инвеститорите за инженерски услуги во областа на надзор и
проектирање како и изведба на специјалистички работи во делот на санација на
објекти, за нешто повеќе од пет години ГИМ ја заокружи својата физиономија по
која стана препознатлив како единствена компанија од ваков вид не само во
Република Македонија туку и пошироко во регионот. Едноставно кажано ГИМ прерасна
во бренд во градежништвото познат како “се на едно место“. Ова значи дека
потенцијалните Инвеститори и Партнери во нашата компанија можат да добијат
професионални услуги од областа на градежништвото почнувајќи од
идеја,планирање,истражување, проектирање, контрола на квалитет, надзор и
изведба. Мултидисциплинарноста на ГИМ создаде компанија имуна на кризи и
компанија која е подготвена за секакви предизвици. Како докажана компанија за
прилагодување и мобилност во сите ситуации својот развој го адаптираше на
потребите на пазарот и современите трендови во градежништвото.
Денес ГИМ е јасно и стабилно позиционирана
компанија пазарно ориентирана со големи потенцијали на сите ресурси со кои
располага и подготвена да одговори на сите Ваши потреби и барања.